Како да инсталирате VestaCP на Ubuntu OS

0

Vesta Control panel (Vesta CP)

Откако ќе закупите сервер, VPS или наменски (dedicated), и сакате на него да хостирате свои сајтови, прво што треба да направите е да инсталирате контролен панел преку кој ќе извршите подесувања и ќе управувате со серверот.

VestaCP е најбрзо и најлесно бесплатно решение со многу корисни опции што вклучува управување со домени, бази на податоци, е-пошта, DNS, бекап (резервни копии ), FTP, SSL и многу повеќе. Во споредба со другите контролни панели, тој е интуитивен, лесен за работа, безбеден, не ги обременува ресурсите и е одлична алтернатива на cPanel. Корисничкиот интерфејс е модерен и прегледен, а инсталацијата е едноставна.

Карактеристики

Како да инсталирате VestaCP на Ubuntu OS

Забелешка: Потребно е да имате root пристап до серверот и основни познавања на користење на sudo.

Пред да почнете со инсталација:

  1. 1.       Логирајте се како root корисник преку SSH :
ssh [email protected]
  • Надградете го системскиот пакет
$ sudo apt-get update
$ sudo apt-get upgrade
  • Обезбедете минимална инсталација – доколку веќе имате инсталирано MySQL, Apache и друго, зауставете ги и деинсталирајте со следниве наредби како root user: 
# systemctl stop apache2
# systemctl stop mysql
# apt-get purge apache* libapache2* mysql-common* mysql-server* mysql-client*
# apt autoremove
  • Инсталирајте curl пакет – инсталер за VestaCP:
# apt-get install curl

Инсталација

  1. Симнете ја скрипта за инсталација со следнава наредба:
# curl -O http://vestacp.com/pub/vst-install.shv
  • Откако ќе ја симнете скриптата, покренете ја со наредбата:
# bash vst-install.sh

Забелешка: Можете да одберете компоненти кои вам ви се потребни. Одете на сајтот на VestaCP , одберете во паѓачките менија што ви е потребнo и кликнете на „Generate Install Command“. Наредбата што ќе се генерира напишете ја наместо претходната наредба.

  • Со ова се покренува инсталација и ќе го добиете следново:
The following software will be installed on your system:
   - Nginx Web Server
   - Apache Web Server (as backend)
   - Bind DNS Server
   - Exim Mail Server + ClamAVSpamAssassin
   - Dovecot POP3/IMAP Server
   - MySQL Database Server
   - Vsftpd FTP Server
   - Softaculous Plugin
   - Iptables Firewall + Fail2Ban
 
Would you like to continue [y/n]: y
  • Притиснете го тастерот Y за да продолжите. Понатаму треба да ги внесете вашата e-mail адреса и FQDN:
Please enter admin email address: [email protected]
Please enter FQDN hostname [ubuntu1804]: vesta.example.com
Installation backup directory: /root/vst_install_backups/1552880087
  • Почекајте да заврши инсталација, околу 15 минути, по што ќе добиете детали за да се логирате како администратор. Ќе добиете и мејл со слична содржина:
Congratulations, you have just successfully installed Vesta Control Panel.
https://<your_server_IP>:8083
username: admin
password: <your_admin_password>
  • VestaCP е успешно инсталиран и можете да се логирате:

Карактеристики на VestaCP

И покрај тоа што е едноставен и интуитивен, VestaCP е исто така моќна алатка. VestaCP нуди:

• Многу уреден веб-интерфејс со отворен код (open source) напишан во PHP. Значи, компатибилноста е загарантирана.

• Јадрото на VestaCP (Vesta core) е напишано во bash. Тоa е програмски јазик близок на администраторите на серверот Linux. Можете да извршите 381 наредба на Core.

• Неговата лиценца е GNU GPL3. Неговиот изворен код може да се изучува и модифицира

• Моќен CLI подготвен да ви даде контрола на тоа што се случува на серверот.

• Комерцијалните додатоци (plugins) ја прошируваат функционалноста на VestaCP.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *