Што е веб-хостинг (web hosting)?
Што е веб-хостинг (web hosting)?
Корисниците на Интернет ќе можат да ги видат вашите веб-страници само доколку тие се поставени на соодветен веб-сервер. Веб-сервери се компјутери со врвни перформанси кои се непрекинато активни и поврзани на Интернет со многу брзи врски. Веб-хостинг е услуга која обезбедува простор за вашиот сајт токму на ваквите сервери. За управување и одржување на серверите задолжени се хостинг компании. Во зависност од вид на услуга, тие може да се грижат и за поставување и за одржување на податоците од сајтот.
Забелешка: Освен простор на сервер, треба да се закупи и одереден домен кој претставува адреса на вашиот веб-сајт.
Хостинг компании нудат голем број на веб-хостинг пакети приспособени кон потребите на клиентите.
Видови на веб-хостинг услуги
Бесплатен веб хостинг
Постојат многу варијанти на бесплати веб-хостинг услуги, од кои најпопуларни се бесплатните блог платформи. Овој вид на хостинг има многу ограничувања, како што е адреса на самата платформа што не допринесува на репутација на вашата компанија. Освен тоа, на ваквите сајтови често се поставуваат спонзорирани реклами, банери и popup прозорчиња. Поголем проблем е што не се гарантирани безбедноста и стабилноста на сајтот, дури и сајтот може да ви биде избришан без вашето одобрение.
Делен хостинг (Shared Hosting)
Делен хостинг е најчесто користен вид на хостинг кој ви овозможува за пристојна сума на пари да обезбедите простор за вашиот сајт. За сметка на тоа, на истиот сервер ќе се најдат стотици други сајтови. Мнозинството сајтови реално нема потреба за поголем простор, но проблемот е што сите сајтови, освен просторот, ќе делат и други ресурси на серверот, како што се процесорот, работната меморија и брзината на хард дисковите. Доволно е еден сајт да направи проблем кој потоа ќе се одрази на сите останати сајтови. Така често се случува да „падне сервер“ затоа што само еден од сајтовите е преоптоварен. Доколку еден сајт е заразен, и вашиот сајт може да има одередни проблеми или безбедноста на вашиот сајт може да биде загрозена доколку некој од сајтовите е мета на напади.
Виртуелен приватен сервер (Virtual Private Server − VPS)
Доколку сакате да ги одбегнете проблемите со делен хостинг или ви е битно вашиот сајт да биде брз и достапен, ќе се одлучите за нешто поскапа услуга која ви обезбедува загарантирани ресурси. ВПС е карактеристичен по тоа што еден физички сервер софтверски се дели на повеќе виртуелни сервери кои работат независно еден од друг, но ги делат ресурсите на физичкиот сервер. На секој виртуелен сервер му се доделуваат лимитирани ресурси, и додека не ги потрошите сајтот ќе биде брз и стабилен. Често вие имате администраторски пристап до вашиот ВПС, а со тоа и контрола на вашиот сајт на кој можете и да инсталирате дополнителен софтвер. Проблемот настанува кога физичкиот сервер има хардверски проблем, тогаш нема да работи ниту еден виртуелен сервер.
Во полседно време овој проблем се надминува со таканаречен Cloud hosting кој не е ограничен на еден физички сервер. Виртуелно се делат ресурси од повеќе сервери и, во случај на проблем, ресурсите автоматски се префрлаат од еден на друг сервер.
Дедициран веб-хостинг (Dedicated Web Hosting)
Дедициран, односно наменски посветен веб-хостинг подразбира изнајмување на цел физички сервер. На тој начин серверот е под ваша контрола и располагате со сите негови ресурси. Понапредни хостинг компании овозможуваат проширување на капацитетите или поврзување повеќе сервери во кластери. Ваква услуга е поскапа и се користи за големи сајтови со голем број на посеитители. Одржување на ваквите системи бара напредно техничко знаење, па треба да имате способна техничка екипа која самостојно ќе го одржува серверот или тоа за вас да го прави компанијата за одредена парична надокнада. Не сите компании даваат ваква услуга.
Постојат, иако ретко, компании кои нудат Managed hosting што подразбира грижа и гаранција не само за доступноста на серверот туку и за доступноста на сајтот.
Реселер веб-хостинг (Reseller web hosting)
За реселер веб-хостинг се одлучуваат веб-дизајнери со цел да ги хостираат сите сајтови на своите клиенти. Обично закупувате пакет со поголеми ресурси од кои сами креирате помали хостинг пакети и ги препродавате на клинетите. Вие се грижите за одржување на сајтовите, а за серверот се грижи хостинг компанија од која сте го закупиле пакетот.
Ко-локација на сервер (Colocation hosting servis или Server )
Ко-локација на сервер подразбира своја опрема (еден или повеќе сервери) да ја поставите во одреден дата центар кај хостинг компанија која ќе ви обезбеди квалитетна интернет врска и ќе се грижи за безбедноста на вашите машини. Оваа услуга е скапа и за неа се одлучуваат банките, осигурителните компании и други компании на кои им е битна безбедноста на податоците.