Што е Softaculous
Softaculous е софтвер за автоматско инсталирање што содржи преку 350 апликации за вашите веб-страници. Softaculous ви овозможува лесно и брзо да инсталирате апликации за изработка на блогови, форуми за дискусија, онлајн продавница, системи за учење и уште многу корисни апликации за управување со содржини на веб-страниците.
Со само неколку кликнувања можете да инсталирате платформи како што се WordPress, Joomla, Magento, Drupal, phpList, phpBB, PrestaShop и други. Softaculous нуди и можност за едноставно креирање резервна копија на вашите веб-страници со што ќе се осигурате од можни проблеми.
На следниот линк можете да ја видите комплетната листа на веб-апликации достапни преку Softaculous.
Со помош на Softaculous не треба да преземате апликации од интернет, не треба да ги поставувате на серверот и потоа да креирате и да поврзете база на податоци. Треба да изберете апликација, да ги внесете податоците и Softaculous ја презема најновата верзија, ја инсталира и ја распакува на вашиот простор за хостирање, создава база на податоци и ја поврзува.На крајот ви испраќа известување за успешниот процес.
Како се користи Softaculous?
Речиси сите хостинг компании, на контролните панели на нивните сервери, ја имаат иконата на Softaculous. Softaculous е интегриран во cPanel, така што апликациите можете да ги инсталирате со помош на графички интерфејс без да ги знаете комплицираните поставки на страницата.
Треба да се најавите на cPanel, да ја пронајдете иконата на апликацијата Softaculous и да кликнете на неа. Кога Softaculous ќе се отвори, во панелот на левата страна ќе видите дека апликациите се групирани, а во секоја група се наоѓаат соодветни платформи.
Кога ќе изберете една од платформите (WordPress, Joomla, Drupal …) со кликнување на нејзиното име, треба да ги внесете основните информации за инсталацијата. Во зависност од платформата, обично треба да ја изберете локацијата (домен, поддомен или специјален директориум) каде што ќе се инсталира софтверот, ќе треба да ги внесете корисничкото име и лозинката на администратор, како и адресата за е-пошта на која ќе бидат испратени деталите за инсталацијата. На крај кликнете на копчето Install. Тоа е сè што треба да направите.
Може да ги погледнете нашите менаџирани планови кои вклучуваат cPanel и Softaculous на следниот линк : https://qhost.mk/managed-hosting