Што преставува SSL сертификат и зошто е задолжителен за секоја веб-страница

0

Интернет корисниците сè повеќе стануваат свесни и водат грижа за безбедноста на нивните податоците на интернет. Пред да одлучат да ги внесат своите лични податоци или податоците од нивната платежна картичка, тие сакаат да се уверат дека нивните податоци нема да бидат пресретнати и злоупотребени. Таа гаранција им ја дава SSL сертификат кој го имаат веб-страниците на секоја сериозна компанија која се грижи за своите корисници. 

Што е SSL? 

На некои веб-страници, иконата за заклучување се прикажува во прелистувачот во близина на адресата на страницата. Понекогаш покрај името на доменот се појавува и зелена линија со името на компанијата. Иконата на катанец или зелената линија значи дека SSL сертификат е инсталиран на веб-страницата и дека сите информации се пренесуваат преку безбеден протокол.  

SSL (Secure Sockets Layer) е протокол за безбедност на Интернет заснован на криптирање. Toa е дел од кодот на вашиот веб-сервер што ги шифрира податоците испратени од веб-северот кон прелистувачотНа тој начин, тие стануваат нечитливи и неупотребливи за секој кој би се обидел да ги пресретне. Само SSL заштитен сервер може да ги интерпретира тие податоци користејќи заеднички клуч (SSL handshake).  

SSL сертификат е задолжителен на веб-страниците на банките, платните системи, корпорациите, онлајн продавниците, социјалните мрежи, владините претпријатија, онлајн форумите итн. SSL се користи и за сервери за е-пошта, веб-апликации за комуникација помеѓу сервери и многу повеќе. 

Денес се користи напредна верзија на SSL енкрипција, наречена TLS (Transport Layer Security).TLS е најсовремен протокол за криптирање, иако многумина го нарекуваат SSL криптирање, бидејќи SSL сè уште е многу попрепознатлив термин. 

Зошто SSL сертификат е задолжителен за секоја вебстраница 

SSL сертификат ви е потребен за да спречите измамниците да ги пресретнат личните податоци што корисниците ги внесуваат на вашата веб-страница. Ако барате корисниците на вашата веб-страница да се најават, ако тие внесуват лични податоци или информации како што се броеви на кредитни картички, тогаш мора да ја заштитите приватноста на тие информации 

Можеби мислите дека вашите веб-страници не се интересни за хакерите. Треба да знаете дека нападите се изведуваат преку посебни програми (ботови) кои автоматски минуваат низ разни веб-адреси и напаѓаат по случаен избор 

SSL сертификат исто така влева доверба кај посетителите, затоа што содржи информации за идентификација. Кога поднесувате барање за SSL сертификат, овластена компанија (SymantecThawte или GeoTrust) ги потврдува информациите за вашата организација и ви издава уникатен сертификат со кој се потврдува дека вашиот сајт е навистина вашОвој процес се нарекува автентикација. 

Освен тоа, во 2018 година, Google започна да ги означува сите страници што не се обезбедени со SSL сертификат. Страниците заштитени со SSL имаат подобри шанси да бидат високо рангирани кај пребарувачите 

SSL сертификат ја штити приватноста на интеракциите преку интернет и обезбедува највисоко ниво на сигурност. Доколку сакате вашите клиенти да имаат доверба дека вашата веб-страница е безбеднамора сериозно да размислите за воведувањето на SSL сертификат.  

Доколку страницата е заштитена, пред името на страницата ќе стои https:// наместо http://. 

Доколку ви е потребен хостинг или домен може да закупите на нашата веб страна https://qhost.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *