Што е Cloudflare и неговата примена

0

CloudFlare е најкористениот CDN од страна на сопствениците на веб-страници. CDN (Content Delivery Network) – мрежа за испорака на содржина – е систем на меѓусебно поврзани сервери лоцирани на различни географски локации низ целиот свет. CDN овозможува побрзо вчитување на веб-страници, па ќе ви биде од голема корист ако имате многу слики, инфографици и други медиумски содржини. 

Cloudflare поседува и управува со огромна мрежа на сервери што опфаќаат над 200 градови во 100 земји. Тука можете да ја видите мапата на локации опфатени со CloudFlare: https://www.cloudflare.com/network/  

Кога ќе го активирате CloudFlare CDN, вашата страница станува дел од мрежата CloudFlare. Статичките делови од содржината на вашата страница (слики, CSS, JavaScript, итн.) остануваат во кеш меморијата на CloudFlare за одреден временски период што можете сами да го прилагодите. За тој временски период, сообраќајот на вашите страници ќе биде пренасочен кон центарот за податоци што е географски најблизок до посетителот на вашата страницаАко серверот во мрежата на Cloudflare е многу зафатен, сообраќајот автоматски се пренесува до следниот сервер што е најблискуу до вашите посетители. На тој начин зачително се забрзува вчитувањето на вашата веб-страница. Поголема брзина на вчитување на веб-страници знач повисоко рангирање кај пребарувачите и генерално подобро искуство на посетителите. 

Освен што ја оптимизира брзината, CloudFlare ги блокира потенцијалните напади врз вашата веб-страница. Откако ќе ја додадете вашата страница во Cloudflare, сите податоци се движат низ нивните сервери. Во тој момент Cloudflare ги анализира податоците и ги проценува потенцијалните закани. Елементите што ги бара Cloudflare се IP адресата на посетителот, зачестеноста на барањата и многу повеќе. 

Користењето на Cloudflare помага да се спречат напади на ботови, објавување на несакани пораки или коментари, малициозен упад, напади на DDoS и многу повеќе. Cloudflare исто така им овозможува на сопствениците на веб-страници да го конфигурираат својот заштитен ѕид со сопствени правила.  

Во споредба со другите даватели на услуги, CloudFlare не наплатува за ширина на пропусен опсег (bandwidth).Се заштедува пропусен опсег, штго го намалува оптоварувањето на серверот. Добивате бесплатна SSL поддршка и подобрување на SEO оптимизација.  

CloudFlare можете да го користите бесплатно, а со платената верзија ќе добиете повеќе можности. 

Како да ја поврзете вашата страница со CloudFlare? 

Сè што треба да направите: 

  1. регистрирајте се за оваа услуга (https://www.cloudflare.com/),
  2. внесете ја адресата на вашата страница,
  3. почекајте услугата да заврши со скенирање на вашите DNS параметри и да ги усогласи доколкутоа е потребно, 
  4. изменете ги параметрите на DNS со вашиот интернет провајдер каде што доменот е изнајмен.

Ако користите бесплатен SSL сертификат, ќе мора да почекате 24 часа, Во случај да користите комерцијален сертификат на CloudFlare, овој процес трае само 2 часа. 

Закупете виртулени приватни сервери со локација Македонија, голем избор на виртуелни приватни сервери базирани на Windows и Linux.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *